Линкови за пристапност

Вишокот на килограми поврзан со смртност од повеќе причини


Вишокот на килограми поврзан со смртност од повеќе причини
Вишокот на килограми поврзан со смртност од повеќе причини

Луѓето со прекумерна телесна тежина се во двојно зголемен ризик од прерана смрт. И оние со недоволна тежина се во опасност.

Колку сте подебели толку е поголем ризикот да починете од срцев удар, мозочен удар и некои видови на рак, според најново истражување.

Индексот на телесна маса, или БМИ, е број што приближно одредува колку е дебел еден човек. Најновото истражување покажува дека смртноста од повеќе разни причини се зголемува, како што расте БМИ.

Стручњаците сметаат дека БМИ од 19 до 25 претставува нормална телесна тежина, и токму во тој обем стапката на смртност е најмала.

„Луѓето од највисоката категорија на БМИ – над 40, се со 2,5 пати поголем ризик од прерана смрт за разлика од оние во нормалната категорија“, вели Ејми Берингтон од Американскиот национален институт за рак, водечки автор на новиот извештај во кој се истражува соодност на БМИ и стапката на смртност.

Стапката расте и кога БМИ е толку низок што зафаќа луѓе со опасно ниска телесна тежина.

Возраста е уште еден фактор. Берингтон наведува дека зголемениот БМИ е поопасен за средновечни лица, отколку за оние на 70-годишна вораст, на пример.

Опсежното истражување е извршено врз речиси 1,5 милион бели Американци од нелатиноамериканско потекло. Оттаму, не е познато дали истиот резултат ќе се добијат од истражувањена лица со поинакво потекло, или пак лица од земјите во развој. Извештајот на Ејми Берингтон е објавен во Журналот за медицина на Нова Англија.

XS
SM
MD
LG