Има нов пробив во третманот на одредени видови смртоносни тумори на мозокот, кој го користи вирусот полио. Лекари од сојузната држава Северна Каролина направиле генетска модификација на вирусот, бидејќи произведувал мошне силна имунолошка реакција во телата на човекот. Резултатот е подолг живот за пациенттт, чиј рак на мозокот повторно се активирал. Сите овие лица имале глиобластома, агресивен и смртоносен вид на рак на мозокот. Од 61 пациент во студијата, 21 процент кои го добиле овој нов третман, живееле три години повеќе.
Во еден од случаите, откако туморот бил отстранет, по две години, се вратил. Како одговор, модифицираниот вирус бил директно внесен во мозокот за време на оперативен зафат. По третманот, туморот на пациентот се смалил до таму што бил речиси незабележлив, и уште повеќе се намалувал.
Истражувачите ја продолжуваат својата работа за лекување на глиобластомите и планираат и други студии. Најавија тестови на терапија за тумори на мозокот кај децата. Терапијата може да се прошири надвор од туморите на мозокот, и да се додад е и ракот на дојката и случаите на меланом.
Facebook Forum