Линкови за пристапност

Нов метод за откривање на причинителот на шизофренијата


Нов метод за откривање на причинителот на шизофренијата

Научниците велат дека нов метод за рекреирање на мозочните клетки на пациенти со шизофренија може да фрли нова светлина на причината на ова тешко ментално пореметување, што се карактеризира со параноиднни халуцинации.

Причинителот на шизофренија останува мистерија и истражувачите кои се надеваат да добијат подобро разбирање на пореметувањето употребиле генетичка технологија да рекреираат мозочни клетки на пациент со шизофренија, или неврони.

Гонг Чен, невробиолог во Одделот за биологија на Државниот универзитетот на Пенсилванија, работела со истражувачи во Институтот за биолошки студии во Ла Хоја, Калифорнија, да ги креира клетките.

Чен вели научниците употребиле молекуларни биолошки техники за репрограмирање на клетки од кожата на шизофренични пациенти да станат матични клетки за поттикнување развој. Овие неспецијализирани мастер-клетки може да се адаптираат со развојни фактори и други хемикалии за да станат одреден вид на телесни клетки.

Истражувачите потоа одгледале матични клетки така да станат неврони. Овие мозочни клетки од пациенти со шизофренија биле споредени со мозочните клетки добиени од клетки на кожата од здрави доброволци.

Чен употребил техники на електрофизиологијата за тестирање на функцијата на невроните настанати од матични клетки.

Чен вели дека на поединечно невронско ниво имало малку очигледна разлика меѓу двете групи мозочни клетки. Но истражувачите откриле впечатлива разлика во тоа како тие се однесувале кога биле групирани во круг. Кога биле споредени со здрави неврони, невроните генерирани од шизофренични пациенти слабо се поврзувале меѓу себе.

Според проценките, еден процент од светската популација страда од шизофренија, што е најтешко од големите ментални болести. Постојат лекови за третирање на болеста, но тие често се неефикасни.

Чен вели дека истражителите од Салк пробале голем број од тие лекови, и нашле дека еден од нив го подобрил поврзувањето и комуникацијата меѓу мозочните клетки добиени од шизофренични пациенти.

Чен верува дека користењето на живи клетки да се научи повеќе за биолошките механизми на болести како шизофренијата ќе им помогнат на истражувачите да развијат подобри третмани.

Статијата што ја опишува креацијата на мозочни клетки за подобро да се разбере шизофренијата е објавена во журналот Nature.

XS
SM
MD
LG