Линкови за пристапност

Вакцина против грип корисна за срцето

Вакцина против грип корисна за срцето
Вакцина против грип корисна за срцето

Вакцина против грип може да спречи - грип. Но сега голема студија направена во Британија индицира дека постари возрасни луѓе кои секоја година примаат ваква вакцина помалку страдаат од срцев удар.

Студијата инволвира повеќе од 78.000 луѓе на возраст од 40 години и постари. Истражувачот Нирошан Сиривардена од британскиот универзитет Линколн ја предводел студијата. Тој вели дека нивното истражување сугерира оти вакцините против грип може да се поврзат со намалување на релативниот ризик од срцев удар кај возрасни за околу 19 проценти. Намалувањето е уште поголемо - 21 процент - за луѓе кои ја примаат вакцината на почетокот на сезоната.

Резултатите математички се прилагодени да го одразат фактот дека луѓето кои имаат поголем ризик од срцев удар поверојатно земаат ваква вакцина.

Иако Сиривардена внимателно нагласи дека неговата студија е една од „асоцијациите“, а не толку студија за причина и ефект, тој нуди една можна врска меѓу наизглед неповрзани состојби на грип и срцев удар.

„Клучната теорија е дека кај коронарните артерии, кои се стеснети, грипот предизвикува процес на воспаление, што создава наслаги кои се подложни на пукање. Грипот охрабрува пукање на наслагите и предизвикува срцев удар. Тоа е теоријата“.

За многу луѓе, пораката на оваа студија е дека ова е уште една причина да се зема вакцина против грип. Но, научниците велат дека треба повеќе да се истражува на ова поле за да се види колку наоѓањето на оваа студија држи.

Студијата инволвира повеќе од 78.000 луѓе на возраст од 40 години и постари. Истражувачот Нирошан Сиривардена од британскиот универзитет Линколн ја предводел студијата. Тој вели дека нивното истражување сугерира оти вакцините против грип може да се поврзат со
намалување на релативниот ризик од срцев удар кај возрасни за околу 19 проценти. Намалувањето е уште поголемо - 21 процент - за луѓе кои ја примаат вакцината на почетокот на сезоната.

XS
SM
MD
LG