Претседателот Доналд Трамп инсистира Конгресот да го има новиот закон за здравствена заштита до одморот во август, и покрај протестите, кои ги има дури низ ходниците на Конгресот.
Републиканските законодавци со борат да постигнат согласност како да го укинат и заменат Законот за здравствена заштита на претходниот претседател Барак Обама, познат како Обамакеар.
Групата републиканци во Сенатот се среќава денес, со цел да се обиде да постигне консензус.
Лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел предупреди:
„Ако не реагираме, партиципацијата ќе продолжи да скока вртоглаво. Корисниците сега дознаваат што може да очекуваат следната година. Ситацијата е загрижувачка“, рече Меконел.
Тој неодамна предложи републиканците да им се приклучат на демократите, во обновување на Обамакеар, што досега не се случи.
Facebook Forum