Линкови за пристапност

Последен ден на дебата за здравствената заштита


Американскиот Врховен суд ќе го мине третиот и последен ден на слушање на аргументите за тоа дали целиот закон за реформа на американската здравствена заштита ќе преживее доколку клучната провизија се утврди дека е неуставна.

Дебатата во вторникот се фокусираше на таканаречениот „индивидуален мандат“, што е барање секој Американец да купи здравствено осигурување или во спротивно ќе се соочи со парична казна. Поддржувачите велат дека ова е потребно за да се распредели цената на чинење на здравствената грижа меѓу сите Американци, особено меѓу здравите луѓе кои можеби не би купиле осигурување, за да се покријат над 30 милиони неосигурани луѓе.

Најконзервативните членови на судот, предводени од Судијата Антонин Салиа, изразија сомневање дека владата може да наметне барање за купување на каков било производ, вклучително и здравствено осигурување.

Но либералниот противник во Судот, Судијата Стивен Брајер, кажа дека прашањето е дали има „национален проблем што инволвира пари, цена и осигурување“.

И двајцата судии, главниот Џон Робертс и Судијата Антони Кенеди исто така изразија загриженост за мерката, но исто така се чини дека признаа дека има потреба за мандат во регулирање на цената на здравственото осигурување.

Судот во среда исто така ќе ги сослуша аргументите за проширување на заедничката програма за здравствено осигурување на федерално и државно ниво за Американци со мали примања, позната како Медикејд, според законот за здравствена грижа.

XS
SM
MD
LG