Линкови за пристапност

Префрлање на кривицата


Компјутерските компании на конгресен распит го вперија прстот во владата за проблемите со новата Интернет-страница за здравствена заштита

Комјутерските компании - договорни соработници на владата ја префрлаат кривицата на здравствените власти за големите технички проблеми на новата владина Интернет-страница за здравствена заштита.

Ендрју Славит од компанијата Кју-Си-Си-Ај, на конгресен распит потврди дека неговата организација ги предупредила владините претставници за пропустите во изработката на страницата уште пред таа да биде отворена како што беше најавено, на 1-ви октомври. Владата, сепак, ја активираше страницата Healthcare.gov на тој датум, но милиони Американци, кои согласно со новиот закон преку неа требаше да најдат здравствена заштита, искусија бројни пречки и застои во нејзиното работење.

Милиони Американци се пожалија дека не можат да отворат сметка, дека примаат конфузни пораки за технички грешки, како и дека страницата бавно се ажурира.

Славит вели дека особено загрижува што владините лица донеле одлука „во минута до 12“ со која ги принудиле луѓето кои барале да купат здравствено осигурување да ги дадат своите лични податоци уште пред да можат да разгледаат каква здравствена заштита се нуди. Некои критичари велат дека владата сакала потенцијални купувачи најпрвин да се регистираат, за да не се откажат кога ќе ја дознаат за цената на здравственото осигурување.

Друг претставник од информатичкиот сектор, Шерил Кембел од Си-Џи-Ај федерал, рече дека страницата била преплавена од милиони посетители кои побарале пристап до порталот за осигурување. Таа кажа дека страницата е направена така што не е стандарден кориснички портал, што само го отежнало процесот на регистрирање.
XS
SM
MD
LG