Линкови за пристапност

БП го изгуби првиот човек и профитите во време на изливот на нафта


Хејворд беше под притисок да си даде оставка по експлозијата на нафтената платформа на 20-ти април, кога загинаа 11 работници.

Нафтениот гигант БП вели дека раководителот Тони Хејворд ќе го напушти местото на 1-ви октомври, по критиката на неговото справување со нафтениот излив во Заливот на Мексико.

Компанијата со седиште во Британија ова го соопшти во вторник велејќи дека одлуката е донесена заеднички со бордот на директори на БП.

Хејворд беше под притисок да си даде оставка по по експлозијата на нафтена платформа на 20-ти април, кога загинаа 11 работници и беше почеток на катастрофата за животната средина.

Хејворд ќе биде заменет со Американецот Боб Дадли, кој во моментов раководи со операцијата за чистење на Заливот.

БП исто така во вторник соопшти дека нивната загуба е 17 милијарди долари во второто тримесечје на 2010 заради несреќата со нафтениот бунар. Компанијата вели дека загубата ќе дојде од трошоците од 32,2 милијарди долари пред оданочување, што ќе биде цената на излевањето на нафта.

БП вели дека ќе продаде 30 милијарди долари вреден имот во наредните 18 месеци за покривање на трошоците, вклучувајќи и 20 милијарди од фондот воспоставен за компензација на жителите на Заливот кои се директно погодени од несреќата.

Тони Хејворт ќе биде поставен за раководител на операциите на БП во Русија.

XS
SM
MD
LG