Линкови за пристапност

БП: Се` уште без одлука за промена во управата


Извори во Британија и во САД рекоа дека компанијата решила Тони Хејворд да замине од функцијата заради начинот на кој постапил по изливот на нафта во Заливот на Мексико што уследи по експлозијата на изнајмената нафтена платформа што експлодира на 20 април

Британската енергетска компанија БП во понеделник кажа дека нема донесено одлука за каква било промена во менаџментот.

Соопштението доаѓа откако британски и американски медиуми во неделата известија дека БП ќе го смени главниот раководител.

Извори во Британија и во САД рекоа дека компанијата решила Тони Хејворд да замине од функцијата заради начинот на кој постапил по изливот на нафта во Заливот на Мексико што уследи по експлозијата на изнајмената нафтена платформа што експлодира на 20 април.

Во експлозијата загинаа 11 работници.

БП кажа дека бордот на директори ќе се сретне во понеделник вечер, еден ден пред да го објави својот тримесечен финансиски извештај.

Напорите целосно да се запре излевањето на нафта продолжија во неделата со враќање на бродовите и работниците во водите над оштетениот бунар.

XS
SM
MD
LG