Линкови за пристапност

Стивен Хокинг вели дека човештвото треба да ја напушти Земјата


Прославениот физичар вели дека е убеден оти тоа е единствениот начин „да се спасиме од себе си“

Познатиот физичар Стивен Хокинг вели дека луѓето треба да се вратат на Месечината до 2020-та година, и на Марс до 2025-та година со цел да се обедини човештвото за заедничка цел – да се прошири надвор од Земјата.

„Проширувањето во вселената целосно ќе ја промени иднината на човештвото“, кажа професорот од Кембриџ на собир во Тронхем, во Норвешка. „Се надевам дека тоа ќе ги обедини конкурентните држави со една единствена цел, соочување со заедничкиот предизвик“.

Тој вели дека стигнувањето до Месечината, Марс и подалеку, ќе ги заинтересира младите за науката, како што се астрофизиката и космологијата.

Хокинг кажа дека напуштањето на Земјата е од клучно значење, бидејќи планетата се соочува со климатски промени и прекумерно искористување на природните ресурси.

Хокинг додаде дека првите чекори во вселената ќе „го поткренат човештвото“, бидејќи во проектот ќе бидат вклучуваат многу држави.

„Нема веќе место и останува само одењето во други светови. Време е да истражиме други соларни системи. Само тоа може да не` спаси од самите нас. Убеден сум дека луѓето треба да ја напуштат Земјата“, рече тој.

Европската вселенска агенција веќе најави план за создавање на „Село на Месечината“ откако Меѓународната вселенска станица ќе биде деактивирана во 2024-та година. Според наводите, Кина, исто така е заинтересирана за испраќање на астронаут на Месечината.

Американската вселенска агенција НАСА се фокусира на мисија со човечки екипаж на Марс која се надева да ја оствари до 2030-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG