Линкови за пристапност

Хаваи може да ги избегне двете невремиња


Подготовките се во тек но се чини дека Изел веќе не е ураган, а Хулио може да мине северно од островите

Метеоролошката служба на САД вели дека бурата Изел ослабе во тропска бура, како што се доближува кон Хаваи.

Изел е првата од двете ретки, големи бури која ги преплаши жителите и туристите на островот, со ветрови од 110 километри на час. Метеоролозите најавуваат големи дождови и бранови.

Јавните службеници на Големиот остров во четвртокот на пладне беа ослободени дома, јавните плажи се затворени и откажани се некои летови пред доаѓањето на Изел, која се очекува рано денес, по локално време.

Втората бура, ураганот Хулио, зајакна како невреме од трета категорија, со ветрови од 185 километри на час. Се наоѓа на 1600 километри од Хаваи и се очекува да помине севрено од островите рано во недела.

Гувернерот на Хаваи Нил Аберкромби прогласи вонредна состојба, а жителите се снабдуваат со шишиња вода и батерии.

XS
SM
MD
LG