Американските власти велат дека ерупцијата на вулканот Килауеа на Хаваите, наредниве недели може да се интензивира.
Килауеа, еден од најактивните вулкани во светот, почна да испушта лава минатата недела, при што беа уништени најмалку 36 домови и други згради, а околу 2.000 жители мораа да бидат евакуирани.
Властите додадоа дека во моментов нема индикација кога ерупцијата би запрела или колкава количина на лава може да биде исфрлена.
Facebook Forum