Линкови за пристапност

Вулканот во Хаваи уништи дваесетина куќи, евакуирани 2.000 лица


Властите велат дека ќе бидат потребни неколку месеци граѓаните да се вратат дома

Локалните власти соопштија дека лавата од вулканот Килауеа во американската сојузна држава Хаваи, досега уништила 26 домови.

Речиси 2.000 лица се евакуирани, на кои им е дозволено да ги посетат нивните домови само во одредени часови од денот.

Властите велат дека ќе бидат потребни неколку месеци евакуираните граѓани да можат да се вратат дома.

Вулканската опсерваторијата во Хаваи велат дека лавата од вулканот ќе продолжи да истекува, и да испушта големи количина гасови.

Надлежните советуваат туристите да не ја посетуваат областа во овој период.

Стотици помали земјотреси го потресоа Хаваи, по првичниот земјотрес со јачина од 6,9 степени, кој ја иницираше вулканската активност.

Гувернерот на Хаваи Дејвид Иге ја ангажираше Националната гарда и ги повика жителите да ги следат официјалните предупредувања.

Тој, исто така, ги стави на располагање фондовите за катастрофи.

Вулканот Килауеа е активен од 1983-та година, и е еден од најактивните вулкани во светот. Сегашната ерупција е најлоша во последните четири години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG