Линкови за пристапност

Тајфунот „Хато“ уби 12 лица во Кина


Невремето ја изгубило јачината со навлегување кон копното

Силниот тајфун „Хато“ што го зафати јужниот дел на Кина, усмрти 12 лица, а заради силните ветришта и обилни дождови, илјадници лица мораа да бидат евакуирани.

Од невремето во Макао, претходно животот го загубиле осум, а преку 100 лица биле повредени. „Хато“ сe смета за најсилната бура што го погодила овој посебен административен регион во Кина изминативе 50 години.

Официјалната кинеска новинска агенција Ксинхуа, соопшти дека четири лица загинале во соседната провинција Гуангдонг, додека речиси два милиона останале без електрична енергија. Заради невремето во прекин бил и авионскиот и железничкиот сообраќај.

Во Хонгконг биле пријавени поплави, а десетици лица биле повредени.

Невремето ја изгубило својата јачина со навлегување кон копното, носејќи само силен дожд во јужните делови на Кина, во близина на границата со Виетнам.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG