Во нов федерален извештај стои дека повеќето кривични дела од омраза во САД помеѓу 2004-та и 2015-та година не биле пријавени во полиција поради различни причини.
Извештајот на Бирото за правосудна статистика, објавен во четвртокот, откри дека повеќе од половина од 250 илјади кривични дела што се случувале годишно во период од 12 години, не биле пријавени, најчесто затоа што по нив било постапувани на друг начин. Наодите на извештајот, исто така укажуваат на тоа дека жртвите не ги пријавиле ваквите дела, бидејќи не верувале дека полицијата може да помогне или затоа што кривичното дело не било доволно важно.
Според извештајот, направен со истражување на јавното мислење кај домаќинствата, расната пристрасност е примарна мотивација за кривични дела од омраза, што претставува речиси половина од сите случаи помеѓу 2011-та и 2015-та година. Речиси една третина од кривични дела од омраза биле мотивирани по етничка припадност и речиси една четвртина од сексуална ориентација.
Највисока стапка на жртви на овие дела има кај Латиноамериканците, се вели во извештајот, по што следат црнците.
Патриша Монтес, директорка на групата за застапување за иселенички имигранти во САД, Центро Презенте, е загрижена дека имигрантите со латиноамериканско потекло можеби одбегнуваат да пријават кривични дела од омраза поради страв дека би биле депортирани, со оглед на „антиимигрантската реторика на Доналд Трамп“ и неговите остри мерки против имиграцијата .
Брајан Левин, директор на Центарот за проучување на омраза и екстремизам во Државниот универзитет на Калифорнија, се согласува со Монтес, дека стравот од депортација е причина за непријавување на овие дела.
Тој вели дека и жртвите од ЛГБТ заедницата, исто така, избегнуваат да пријават кривични дела од омраза поради загриженоста за губење на работата или откривање за нивната сексуална ориентација на членови од семејството.
Извештајот доаѓа во време кога Одделот за правда расправа во Вашингтон со локалните служби за спроведување на законот и експерти за кривичните дела од омраза како и недостатокот на веродостојни податоци со цел да им помогнат на службениците да го спроведат законот и да го решат овој проблем.
Непрофитната група за истражувачко новинарство Про Публика претходно овој месец издаде соопштение дека дека федералните агенции за спроведување на законот не ги доставуваат податоците што се однесуваат на овој криминал до ФБИ, како што налага закон.
Сепак, Главниот јавен обвинител Џеф Сешнс на состанокот во Вашингтон рече дека за Одделот за правда кривичните дела од омраза се приоритет и во контекст на напорите за намалување на насилството во американските градови.
„Кривичните дела од омраза се насилни злосторства“, рече Сешнс, и „никој не треба да се плаши да пријави ако бил нападнат поради тоа кој е на која религија припаѓа“.
Facebook Forum