Линкови за пристапност

Полицијата го уапси лицето што ја удираше во стомак и лице жената со азијатско потекло во Њујорк


36-годишниот Брендон Елиот во 2002 година бил обвинет за убиство на неговата мајка во Бронкс, кога имал 19 години

Полицијата го уапси Брендон Елиот, обвинет за напад на жена со азијатско потекло во Њујорк.

Оттаму изјавија дека 36-годишниот Елиот живеел во хотел поврзан со засолниште за бездомници, на неколку блока од местото на нападот.

Тој во 2002 година бил обвинет за убиство на неговата мајка во Бронкс, кога имал 19 години. Тој бил пуштен на доживотна условна слобода во 2019 година.

Според полицијата, Елиот сега се соочува со обвиненија за кривично дело сторено од омраза, за напад и обид за напад.

Жртвата на нападот е Вилма Кари, 65- годишна жена која имигрирала од Филипините.

Полицијата соопшти дека таа се движела кон црква во Менхетн, кога напаѓачот ја удрил во стомак, по што продолжил да ја удира в лице, велејќи ѝ дека не припаѓа овде.

Нападот се случи во понеделникот, и е последен во низата напади поради омраза на Азијати во САД, вклучувајќи го и масовното убиство во Атланта, при кое починаа осум лица, од кои шест беа жени со азијатско потекло.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG