Во вторник започнува постапката пред воен суд за психихатарот во американската армија обвинет за смртоносно пукање во 2009-та во Форт Худ, Тексас.
Мајорот Најдал Малик Хасан е обвинет за отворање оган на група војници кои се подготвувале да бидат распоредени во Ирак и Авганистан, убивајќи 13 лица и ранувајќи над 30 други. Тој беше погоден од полицијата што одговори по нападот , оставајќи го парализиран и во инвалидска количка.
Хасан го призна пукањето. Тој на почетокот тврдеше дека се обидувал да ги заштити муслиманските бунтовници кои се бореле против американските војници, но судијата кој претседава со судењето го одби неговото барање тоа да го користи во своја одбрана.
Судијата исто така му забрани да даде изјава за неговите верски убедувања.
Хасан успеа да го одложи судењето со различни легални маневрирања, вклучувајќи и битка околу тоа дали ќе ги прекрши правилата на армијата со тоа што ќе има брада.
Роден во Америка од палестински родители, Хасан се соочува со можна смртна казна доколку биде осуден.