Универзитетот Харвард соопшти дека нема да бара стандардизиран тест за апликациите за 2025 година. Соопштението е објавено на веб-страницата на универзитетот.
Со ваквата одлука универзитетот во Кембриџ, Масачусетс, се придружи на другите универзитети од Ајви лигата - кои се сметаат меѓу најдобрите во САД. Меѓу другите американски образовни установи, осум од девет членови на Ајви лигата - освен универзитетот Принстон во Њу Џерси - ги намалија критериумите за тестирање.
Многу други училишта ги спуштија критериумите за прием за време на глобалната пандемија.
[[ https://www.voanews.com/episode/could-covid-19-kill-sat-college-admission-test-4281056 ]]
„Разбираме дека пандемијата на Ковид-19 предизвика непремостливи предизвици во тестирањето на сите студенти, особено оние со скромни економски можности и оваа привремена промена се однесува на овие предизвици“, велат од универзитетот.
Студентите се охрабруваат да испраќаат материјали, додека за меѓународните студенти, колеџот се надева дека ќе ги добие предвидените или реални резултати од националните тестирања, се вели во соопштението.
[[https://www.voanews.com/student-union/university-california-drops-sat-act-requirement ]]
Facebook Forum