Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека сенаторката Камала Харис е „противкандидат за кој секој сонува“.
„Камала Харис имаше силен почеток на демократските примарни избори, заврши слабо, и на крај ја напушти трката со речиси нула поддршка“, напиша Трамп на Твитер.
Откако вчера демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден ја соопшти одлуката за Харис, Трамп рече дека е изненаден од неговиот избор за потпретседател, истакнувајќи го нејзиниот неуспешен обид за претседател.
„Бев многу изненаден оти таа заврши многу слабо на примарните избори“, рече Трамп на вчерашната прес-конференција во Белата куќа.
Харис е прва обоена жена да биде ставена на избирачко ливче за ваква функција.
Facebook Forum