Линкови за пристапност

Камала Харис најави хуманитарна помош од 310 милиони долари за Централна Америка


Целта е да се адресираат нелегалната имиграција и недостигот на храна, соопштија од Кабинетот на потпретседателката на САД

Американската потпретседателка Камала Харис најави дека САД ќе обезбедат помош од 310 милиони долари за Централна Америка, како што регионот се справува со миграциски бран, објави агенцијата „Франс-прес“.

Харис, која ги предводи напорите на претседателот Џо Бајден за справување со приливот мигранти од Гватемала, Хондурас и Ел Салвадор, на границата меѓу САД и Мексико, одржа видеоконференција со претседателот на Гватемала, пред нејзината посета на Централна Америка закажана за во јуни.

„Потпретседателката Харис најави дополнителни 310 милиони долари владина помош за адресирање на недостигот на храна“, изјавија од Кабинетот на Харис.

Оттаму соопштија дека двете држави ќе ги кооридинараат напорите на полицијата да се справат со криминалните организации чии активности ја поттикнуваат миграцијата, како и да отворат центри за безбедна и легална миграција.

Претседателот на САД Џо Бајден побара од Конгресот 861 милиони долари да се адресираат причините за нелегална имиграција од Централна Америка, како дел од планот од четири милијарди долари помош за тој регион.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG