Театрите на Бродвеј синоќа ги изгаснаа светлата во спомен на човекот познат како „Принцот од Бродвеј“, продуцентот и режисер Харолд Принс.
91-годишниот режисер почина во средата, откако се разболе во Рејкјавик, Исланд. Тој се враќаше во Њујорк од својот дом во Швајцарија.
На листата на театарски музички комедии и драми кои што Принс ги продуцираше или режираше се некои од најпознатите наслови во шоу-бизнисот, како што се
Fiddler on the Roof, Cabaret, West Side Story, Sweeny Todd, Evita, Damn Yankees, Phantom of the Opera и многу други.
Неговиот прв голем успех беше хит музичката комедија во 1954 година The Game Pajama, за која ја доби првата од неверојатните вкупно 21 награда Тони кои ги освоил во текот на неговата долга кариера.
Facebook Forum