Линкови за пристапност

Харизмата на политичарите пресудна за добивање или за губење гласови во САД


Способноста на кандидатот индивидуално да се поврзе со гласачите може да одреди дали тој или таа ќе ја добие претседателската позиција
Способноста на кандидатот индивидуално да се поврзе со гласачите може да одреди дали тој или таа ќе ја добие претседателската позиција

Во раните денови на САД, харизмата на претседателскиот кандидат не беше толку важна на изборите. Но, во време на електронски и социјалните медиуми, способноста на кандидатот индивидуално да се поврзе со гласачите може да одреди дали тој или таа ќе седи во Овалната канцеларија. Известува Стив Херман

Колку е битна харизмата за популарноста на политичарите?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:03 0:00

Пристапот на Џо Бајден и на неговиот претходник Доналд Трамп кон политиката им помогна да го освојат претседателството на САД и може да им ја донесе највисоката функција по вторпат на изборите следната година.

По говорите, Бајден се дружи со толпата, прави селфи, дури и се гушка со поддржувачите.

Тука е и познатиот потег на Трамп „палецот горе“, крената тупаница и некои танцови движења.

И покрај тоа што се соочува со десетици кривични обвиненија, наводно извршени пред, за време и по неговиот мандат на функцијата, Трамп се фали со својата длабока поврзаност со неговите поддржувачи.

“I could stand in the middle of Fifth Avenue and shoot somebody, and I wouldn’t lose any voters, OK?”

За оние кои студираат лидерство, харизмата е повеќе од само изглед на телевизија. Успешните политичари се одлични во испраќањето пораки, вели Улрич Џенсен од Школата за јавни односи на Универзитетот на Аризона.

„Се чувствувате како да сте еден од нив, а тие се еден од вас. И така, создавање на тој колективен идентитет, поттикнување вредности, сите тие работи може да се направат со формулирање на пораката, обезбедување суштина и артикулирање на начин кој е привлечен и присутен“, вели Џенсен.

Со ракување, гестикулации и повторување на карактеристичните пораки, претседателските кандидати ја засилуваат својата порака до поширокиот свет, вели Стивен Фарнсворт, директор на Центарот за лидерство и медиумски студии на Универзитетот Мери Вашингтон.

Ќе одлучат врз основа на она што го гледаат на медиумите, дали овој или оној кандидат им се допаѓа повеќе
Стивен Фарнсворт, професор

„Огромното мнозинство луѓе што ги гледа овие претседателски кандидати никогаш нема да сретне ниту еден од нив. Тие едноставно ќе одлучат врз основа на она што го гледаат на медиумите, дали овој или оној кандидат им се допаѓа повеќе“, објаснува Стивен Фарнсворт од Универзитетот Мери од Вашингтон.

Трамп и Бајден обезбедуваат лекции за комуникација за оние кои сакаат да им бидат противкандидати, вели Фарнсворт.

„Треба да бидете искрени. Мислам дека она што го гледате со двајцата е токму тоа што тие се“, додава Фарнсворт.

Комплицираните политичари не можат да научат да бидат автентични, но можат да бидат обучени што да нагласат, изјави за Гласот на Америка првиот портпарол на Трамп во Белата куќа, Шон Спајсер.

„Една од работите што понекогаш ја прават политичарите е ако се нервозни за одредени квалитети се плашат да се ослонат на нив. И мислам дека она што го направи Трамп, е тоа што се предводеше многу повеќе од интуиција за тоа во што веруваше“, додава Спајер.

Бајден се обложува дека неговата публика верува оти тој ќе остане верен на неговите ветувања.

“I never, ever tell you anything I don’t mean. I never tell you anything I don’t believe.

Објективот на видеокамерата може да ги открие претседателските кандидати кои не се искрени. Гласачите го гледаат ова и одлучуваат да не ги поддржат - без разлика колку пари трошат кампањите обидувајќи се да ги убедат во спротивното.

XS
SM
MD
LG