Линкови за пристапност

Среќата може да води кон богатство


Според најнова студија, среќните тинејџери на 16, 18 и 22-годишна возраст имаат голем потенцијал за заработувачка подоцна во животот.

Парите може да не купуваат среќа, но среќата може да ја подобри финансиската ситуација.

Според студија на Универзитетот колеџ во Лондон, младите лица кои велат дека имаат поголемо ниво на среќа и задоволство, подоцна во животот заработуваат повеќе.

Додека студијата не пронаоѓа директна причинско-последична врска со овој феномен, сепак покажува дека посреќните тинејџери имаат поголеми шанси да стекнат универзитетско образование, да се вработат и побрзо да напредуваат во кариерата, споредено со оние со не толку веселите лица.

Податоците се добиени по долгогодишни истражувања врз преку 10.000 американски тинејџери на возраст од 16, 18 и 22 години и ги споредувале годишните примања на 29-годишни лица. Научниците велат дека нивните пронајдоци, објавени во Записникот на Националаната академија на науки, покажуваат дека креирањето на емоционално здравите домашни услови се важни не само заради тоа што среќата е универзална цел, туку и заради економските бенефиции за поединците и општеството во целина.
XS
SM
MD
LG