Линкови за пристапност

Хантер Бајден ја одби поканата на републиканците за јавно сослушување


Хантер Бајден, син на претседателот Џо Бајден, пристигнува со адвокатот Абе Лоуел во канцеларијата на О'Нил Хаус на сослушување зад затворени врати во истрагата предводена од републиканците за семејството Бајден, во Капитол во Вашингтон, САД, 28 февруари, 2024 година.
Хантер Бајден, син на претседателот Џо Бајден, пристигнува со адвокатот Абе Лоуел во канцеларијата на О'Нил Хаус на сослушување зад затворени врати во истрагата предводена од републиканците за семејството Бајден, во Капитол во Вашингтон, САД, 28 февруари, 2024 година.

ВАШИНГТОН – Хантер Бајден ја одби поканата од републиканците во Претставничкиот дом да се појави на јавно сослушување наредната недела заедно со поранешни деловни соработници, истрага што неговиот адвокат ја нарече „карневалско придружно шоу“.

Во писмо добиено за Асошиетед прес, Абе Лоуел, адвокатот на синот на претседателот, ги критикуваше напорите на републиканците да го изведат неговиот клиент пред јавна расправа.

Адвокатот на синот на претседателот ги критикуваше напорите на републиканците да го изведат неговиот клиент пред јавна расправа.

„Вашиот последен чекор – поканата на 6 март – не е сериозна постапка за надзор“, наведува Лоуел во писмото. „Тоа е ваш обид да ја оживеете умрената истрага на вашата Конференција со циркуски чин создаден за десничарски медиуми“.

Поканата испратена минатата недела од пратеникот Џејмс Комер, претседател на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, вклучуваше тројца поранешни деловни соработници на Бајден, кои во моментов се соочуваат со свои правни предизвици.

„Вашата идеја за конгресно ‘пронаоѓање факти’ е, неверојатно, г-дин Бајден да се појави со дискредитираните ‘сведоци’ што продолжувате да ги промовирате“, додава Лоуел.

14-месечната истрага на Комитетот за семејството Бајден првенствено се фокусираше на работата на Хантер Бајден во странство во земји како Украина и Кина. Додека пратениците открија етички сомнително однесување на синот на претседателот и другите членови на семејството, републиканците допрва треба да изнесат докази за недолично однесување на Џо Бајден додека бил на јавна функција.

Отфрлањето на поканата доаѓа откако Хантер Бајден и неговиот адвокат кон крајот на минатата година инсистираа тој да се појави на јавна расправа наместо приватно да даде искас под заклетва, наведувајќи загриженост дека пратениците на Републиканската партија ќе го изобиличат неговото интервју. Двете страни на крајот се согласија прво да сведочат, по што ќе следи јавна расправа.

Отфрлањето на поканата доаѓа откако Хантер Бајден и неговиот адвокат кон крајот на минатата година инсистираа тој да се појави на јавна расправа наместо на приватно сослушување.

XS
SM
MD
LG