Линкови за пристапност

Дали ракувањето е само западен стил?


Нова студија покажа дека луѓето на Запад на ракувањето гледаат попозитивно отколку оние од Исток.

Ако сте загрижени за првите впечатоци кога ќе слетате во САД, ќе забележите дека луѓето од Запад имаат попозитивен поглед спрема ракувањето отколку азијците од Истокот, покажува нова студија.

Во истражувањe на Универзитетот во Илиноис на подеднакво поделена група од 88 мажи и жени од Западна и Источна Азија, им биле покажани кратки видеа од интеракциите на гостин и домаќин во деловни средби. Ликовите во видеата или се ракувале или не на почетокот на секој состанок.

Позитивно реагирале учесниците од западните земји кои ги гледале интеракциите кои вклучуваат ракување отколку од источните земји, заклучиле истражувачите.

Кога се гледа по пол, западните жени ги оценуваат сите интеракции со ракување попозитивно отколку кога нема ракување. Мажите од западните земји реагирале исто така позитивно на жени-домаќинки сеедно дали имало или нeмало ракување.

„Овие наоди фрлаат светлина на улогата на етничките и родовите разлики во оценувањето на невербалните однесувања, а со тоа се зголемува нашето разбирање на факторите кои можат да доведат до успешна социјална интеракција во контекст на растечката разновидност во нашето општество“, велат авторите во списанието Journal of Nonverbal Behavior.

Професорот по психологија на Универзитетот во Илиноис и истражувачот Флорин Долкос, изјави дека резултатите покажуваат дека кај западните мажи не игра улога дали се ракуваат во интеракција со жените, што е „јасен доказ како суптилните работи што може да изгледаат тривијални можат да направат голема разлика во дневните социјални интеракции.“

Долкос студијата ја спровел заедно со студентката Јута Кацуми и професорот Санда Долкос. Сега тие имаат намера да ја прошират студијата на темата ракување или поклонување.

Истражувачите велат дека планираат да ја прошират студијата. Овојпат истражувањето ќе биде насочено кон ракување наспроти традиционалниот источноазиски поздрав на поклонување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG