Линкови за пристапност

Миењето раце клучно за спречување на епидемии


Според нова студија само еден од петмина луѓе на аеродромите имаат чисти раце
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:17 0:00

Студија од Институтот за технологија на Масачусетс, покажа дека само еден од петмина луѓе на аеродромите имаат чисти раце

Лекарите предупредуваат дека заразно заболување каде било, потенцијално може да се прошири секаде. Таков е случајот со ширењето на вирусот ХИВ и сидата.

Друг случај е САРС, или тежок акутен респираторен синдром. Тој беше откриен во Кина во февруари 2003-та година. Како што сега се случува со епидемијата на коронавирус, и тогаш Владата требаше да изгради специјални болници.

Во рок од шест месеци, САРС се прошири во повеќе од дваесет држави, во најголем број од нив преку авионско патување.

Торонто беше особено погоден со повеќе од 400 заразени и 44 смртни слуачи.

„Авионскиот транспорт е главен пат за глобално ширење на болеста“, вели Кристос Николаидис од Институтот за технологија на Масачусетс.

Помислете само колку работи допирате, вие и десетици илјади други,на аеродром или во авион.

Претходни студии покажуваат дека 70 отсто од луѓето мијат раце откако ќе користат тоалет, а само шест или седум отсто од нив, тоа го прават на исправен начин.


Студија од Институтот за технологија на Масачусетс, покажа дека мал број луѓе на аеродром имаат чисти раце, а ако сакаме да спречиме епидемија тоа се прави токму со миење на рацете.

„Се обидовме да ја пресметаме стапката на миење раце на глобално ниво“, вели тој.

Претходни студии покажуваат дека 70 отсто од луѓето мијат раце откако ќе користат тоалет, а само шест или седум отсто од нив, тоа го прават на исправен начин.

„Под исправен начин мислам на користење сапун и вода најмалку 15 секунди. Истражувањата покажуваат дека само еден од петмина луѓе имаат чисти раце на аеродром“, вели тој.

Николаидис ги зема за пример аеродромите каде заразите се шират многу брзо.

Овие аеродроми имаат две карактеристики. Првата е што низ нив минуваат многу луѓе, и што тие се поврзани со многу други меѓународни аеродроми, појаснува.

Овие аеродроми се всушност најголемите во светот - Џон Кенеди во Њујорк, Меѓународниот аеродром Лос Анџелес, Хитроу во Лондон, Меѓународниот аеродром Хонгконг и Меѓународниот аеродром Пекинг.

Николаидис пресметал дека ако 60 проценти од патниците имале чисти раце, ширењето болести би можело да се намали до 69 отсто. Според него, едукацијата на јавноста е клучна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG