Линкови за пристапност

Хакатон за вештачка интелигенција: Десетици програмери се собраа во САД да создадат нови решенија


Tим на студенти по наука од Универзитетот во Сиетл, создал алатка која открива сајбер-малтретирање на интернет
Tим на студенти по наука од Универзитетот во Сиетл, создал алатка која открива сајбер-малтретирање на интернет

Програмери од различни возрасти и програмски вештини се собраа на хакатон во зградата на Мајкрософт Реактор во Редмонд, Вашингтон, за да ги тестираат можностите на вештачката интелигенција. Известува Наташа Мозговаја

Хакатон за вештачка интелигенција во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:15 0:00

Изминатата недела, десетици луѓе од различни возрасти и програмски вештини се собраа во зградата на Мајкрософт Реактор во Редмонд, Вашингтон, за да ги тестираат можностите на вештачката интелигенција. Нивната цел за овој хакатон е до крајот на денот да смислат апликација која ќе решава проблем од реалниот свет.

„Во моментов нашата идеја е да изградиме бот кој може да генерира приказна заедно со слики“, вели програмерката Шаушан Ли.

Ли, програмерка на софтвер, присуствува на ваков настан за прв пат.

„Сакам да научам за големите јазични модели бидејќи слушам луѓе како зборуваат за тоа. Но, не знам ништо за тоа. Се надевам дека работите со вештачка интелигенција некогаш ќе ми ја земат работата за да ме ослободат за други интересни работи!“, објаснува младата програмерка Ли.

Некои учесници дојдоа да регрутираат волонтери за да работат на нивната идеја. Други, пак, доаѓаат во групи. Овој тим на студенти по наука од Универзитетот во Сиетл, создал алатка која открива сајбер-малтретирање на интернет.

„Беше застрашувачки но и забавно. Ние успеавме да го завршиме“, раскажа програмерот Винсент Марклин.

„Навистина бевме импресионирани што завршивме одма, затоа што почнавме сè денес“, додава програмерката Ањали Себастијан.

Бил Лиу, поранешен инженер на Мајкрософт и Амазон и основач на АИ Камп, вели дека има зголемен интерес за оваа тема од различни индустрии.

„Ги започнавме овие хакатон настани со вештачка интелигенција за да го насочиме процесот, да ги споиме паметните идеи и паметните умови. Тимовите го поседуваат нивниот код, го поседуваат проектот, додека ние им обезбедуваме само платформа за изложување на инвеститорите и на други таленти“, вели Лиу.

За да се направи тоа до крајниот рок потребно е многу кафе и бели табли. И тоа не е само за забава.

„АИ Камп направи многу алатки и го олесни нивното користење. И со тоа им овозможува на луѓето да градат сè покомплексни хакатонски проекти. Сега во Сиетл ги организираме овие хакатони со некои инкубатори, некои акцелератори, некои ризични капиталисти. Ние велиме: „Еј, луѓето на овој хакатон би можеле да изградат вистински проект што можеби навистина ќе го финансираат, а овој проект може да се претвори во вистински производ“, порачува Жуијан Танг, програмер.

Адија Гојал, ученичка во средно училиште, беше во тимот кој создаде апликација за да им помогне на клиентите да толкуваат документи за осигурување.

„Овој хакатон ми го покажа вистинскиот потенцијал на вештачката интелигенција. Имаше толку многу добри проекти денес што ја отсликуваат вештачката интелигенција. Никогаш не би помислила дека може да се користи на толку многу различни начини. Ми даде пример како ќе изгледа мојата иднина и тоа е многу убаво“, вели Гојал.

Не сите учесници беа желни да ја предадат својата кариера на вештачката интелигенција - но сите се согласија дека брзите промени во индустријата изгледаат помалку застрашувачки со одредено практично искуство.

XS
SM
MD
LG