Најмалку 717 лица загинаа, а стотици други се повредени, во стампедо за време на годишниот муслимански аџилак во близина на градот Мека.
Саудиска претставници велат дека инцидентот се случил во четвртокот во Мина каде што верниците фрлаат камења врз столбови кои го претставуваат ѓаволот - последен ритуал пред почетокот на празнувањето на Курбан Бајрам.
Дирекцијата за цивилна заштита на Саудиска Арабија на својот Твитер профил го објави бројот на жртвите, како и фотографии од спасувачи како носат луѓе на носилки.
Изминативе 25 години се случиле повеќе смртоносни стампеда, кога огромен број луѓе се собираат на петдневниот настан. Според исламската религија, барем еднаш во животот сите муслимани треба да го посетат ова свето место. Годинава учествуваат околу два милиони луѓе.
Најтешката катастрофа се случи во 1990-та година кога во стампедо во тунел Мина загинаа преку 1.400 лица. Во стампеда во 1994, 2004 и 2006-та година животото го загубија преку 200 аџии.
Претходно месецов, при уривањето на градежен кран во големата џамија во Мека загинаа 109 лица, а беа повредени околу 400 други.