Линкови за пристапност

Бајден испрати тим во Хаити да помогне во истрагата за убиството на претседателот


Народот на Хаити заслужува мир и безбедност, рече претседателот на САД пред новинарите во Белата куќа

Претседателот на САД Џо Бајден ги повика политичките лидери на Хаити да се обединат за доброто на нивната држава.

„Народот на Хаити заслужува мир и безбедност“, изјави Бајден вчера пред новинарите во Белата куќа. Претседателот рече дека ја следи ситуацијата одблизу.

„Испратив висока експертска делегација да ја испита ситуацијата и да утврди каде САД можат да понудат поддршка“, рече тој.

Тим од американски официјални лица од Стејт департментот, Советот за национална безбедност и од Одделите за правда и домашна безбедност, во неделата пристигнаа во Хаити за да помогнат во истрагата.

Помошта е испратена на барање на Хаити.

Привремениот премиер на Хаити Клод Жозеф повика на смиреност по убиството на претседателот Жовенел Моисе во неговата приватна резиденција минатата среда.

Жозеф тогаш рече дека неидентификувана група луѓе, која ја нападнала приватната резиденција на претседателот, била одговорна за убиството, кој тој го нарече варварски и нехуман акт.

Тој ги опиша напаѓачите како „странци“ за време на радио интервју утрово, и рече дека некои членови на групата зборувале шпански.

Тој, исто така, рече дека сопругата на Моисе, Мартин Моисе, била повредена и однесена во болница.

Жозеф рече дека националната полиција презела контрола врз ситуацијата и оти се преземаат мерки за заштита на нацијата, ветувајќи дека ќе осигура стабилност на Владата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG