Линкови за пристапност

Привремениот премиер на Хаити повика на смиреност по убиството на претседателот


Тој вети дека ќе осигура стабилност на Владата, и оти се преземаат мерки за заштита на нацијата

Привремениот премиер на Хаити Клод Жозеф повика на смиреност по убиството на претседателот Жовенел Моисе во неговата приватна резиденција ноќва.

Жозеф рече дека неидентификувана група луѓе, која ја нападнала приватната резиденција на претседателот, била одговорна за убиството, кој тој го нарече варварски и нехуман акт.

Тој ги опиша напаѓачите како „странци“ за време на радио интервју утрово, и рече дека некои членови на групата зборувале шпански.

Тој, исто така, рече дека сопругата на Моисе, Мартин Моисе, била повредена и однесена во болница.

Жозеф рече дека националната полиција презела контрола врз ситуацијата и оти се преземаат мерки за заштита на нацијата, ветувајќи дека ќе осигура стабилност на Владата.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, во изјава за „Ем-ес-ен-би-си“ рече дека САД го „испитуваат“ нападот и оти претседателот Џо Бајден ќе биде брифиран за ситуацијата во Хаити.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG