Линкови за пристапност

Киднапирани 17 американски свештеници и нивни семејства во Хаити


Седумнаесет американски христијански свештеници и нивни семејства, вклучувајќи деца, биле киднапирани во саботата од членови на банда во главниот град на Хаити Порт о Пренс, објави Њујорк тајмс, цитирајќи безбедносни официјални лица.

Како што објави весникот, тие биле киднапирани од автобус кој се движел кон аеродромот да остави дел од членовите на организацијата, додека друг дел од нив планирал да продолжи кон друга дестинација во Хаити.

Портпарол од Стејт департментот на САД изјавил оти го разгледуваат случајот, додека Амбасадата на САД во Хаити не одговорила на барањето за реакција надвор од работното време, објави весникот.

Полицијата на Хаити вели дека работи на случајот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG