Линкови за пристапност

Колерата во Хаити успорува


Колерата во Хаити успорува
Колерата во Хаити успорува

Здравствени претставници од оваа карипска држава велат дека бројот на пријавени случаи на заболени од колера надминува 3.300.

Официјални лица од Хаити велат дека бројот на смртни случаи од колера забавил во понеделник, со шест новопријавени смртни случаи за последниот 24-часовен период.

Здравствени претставници од оваа карипска држава велат дека бројот на смртни случаи сега е 259. Бројот на пријавени случаи на заболени од колера надминува 3,300.

Групите кои обезбедуваат помош масовно заминаа за Хаити од пријавата на првиот случај на колера што беше пријавен минатата недела.

Меѓународните хуманитарни агенции дистрибуираат таблети за прочистување на водата, средства за хигиена и други медицински производи во зафатените области во напор да ја стават болеста под контрола.

Болеста е главно раширена во централниот дел на болеста, но официјални лица се загрижени за нејзино ширење во пренаселени и несанитарни кампови во близина на Порт-о-Принс, каде живеат стотици илјади преживеани од земјотресот што се случи во јануари.

XS
SM
MD
LG