Линкови за пристапност

Хан: Во пресрет на клучните одлуки на ЕУ во октомври, важно е да се донесе законот за Јавно обвинителство


Хан: Во пресрет на клучните одлуки на ЕУ во октомври, важно е да се донесе законот за Јавно обвинителство
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Премиерот рече дека ќе се преземат сите чекори што Брисел ги бара, но, очекува и Унијата да испорача датум како што самата се обврза

Обединување на сите политички фактори заради стратешките цели на земјата - со таа порака еврокомесарот за проширување Јоахнес Хан настапи на средбите со власта и опозицијата во Скопје.

Од лидерите побара да ги надминат разликите и да се фокусираат на октомври до кога, за успешен исход за Северна Македонија, мора да се испорача законска рамка за идниот статус на СЈО.

„Она што сега е важно во пресрет на клучните одлуки на ЕУ во октомври е да се усвои законот за Јавно обвинителство, кој овозможува значајни гаранции за владеењето на правото. Сега е време за сите партии да покажат одговорност во интерес на иднината на земјата. Уверен сум дека извонреден напредок ќе се постигне и во делот на владеење на правото. Охрабрувачки е што веднаш беа преземени мерки за истражување на последните случаи и зачувување на независноста на СЈО со негов трансфер во рамките на јавното обвинителство“, рече Хан.

При таа транзиција, „црвените линии“ на Брисел се дека не смее да има загубени случаи и амнестирање на одговорните опфатени со предметите на СЈО.

Премиерот уверуваше дека ќе се преземат сите чекори што Брисел ги бара, но, очекува и Унијата да испорача датум како што самата се обврза.

Таргет на Владата, според Заев, е навремено усвојување на клучниот закон, но, и владеење на правото кое е на тест со случајот „Рекет“.

„Нам ни останува до октомври да ги завршиме реформите, пред се` во правосудниот систем, особено со законот за Јавно обвинителство за да се поставиме како земја која ги исполнила сите услови за добивање датум. Во однос на последните настани, свдоци сме на бескомпромисна борба против корупцијата и тоа го води независно обвинителство. Пораката е дека никој не е привилегиран и нема да биде амнестиран. Го повикувам обвинителството да ја продолжи постапката за „Рекет“ до крај, без оглед до кого ќе дојде“, изјави премиерот Зоран Заев.

Лидерот на опозицијата, пак, тврдел дека власта нема волја за справување со корупцијата, и тој тоа го гледа во предлог-законот за Јавно обвинителство кој, според Мицкоски, наместо непристрасна борба против криминалот нуди решенија кои ќе бидат алатка за политички притисоци.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на еврокомесарот му пренел дека не се повлекува од ставот за лидерска средба само ако се разговара и за предвремени избори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG