Линкови за пристапност

Оставка на шефот на одбраната на САД


Претседателот Барак Обама кажа дека Хегел бил „сигурна рака“ во помагање на администрацијата да одговори на еболата и на Исламската држава.

Американскиот секретар за одбрана Чак Хегел ја напушта функцијата по две години во администрацијата.

Претседателот Барак Обама, зборувајќи во Белата куќа со Хегел и потпретседателот Џо Бајден до него во понеделникот, кажа дека секретарот за одбрана му кажал минатиот месец дека е време за него да ја заврши службата.

Обама Хегел го нарече „сигурна рака“ во помагањето на администрацијата да одговори на предизвиците со еболата и Исламската држава.

Претседателот Хегел го опиша како „необичен секретар за одбрана“ и кажа дека тој се посветил на националната безбедност на САД и на нивните мажи и жени во униформа во изминатите шест децении.

Хегел беше единствениот републиканец во кабинетот на Обама. Тој кажа дека службата како секретар за одбрана била „најголема привилегија“ во неговиот живот. Хегел кажа дека ќе остане на функцијата додека не биде именуван негов наследник и истиот е потврден. Тој кажа дека за време на неговиот мандат како секретар за одбрана „нацијата е поставена на посилен курс кон стабилност и просперитет“.

Њујорк Тајмс објави дека оставката доаѓа „под притисок“ среде неколку надворешно-политички кризи, вклучувајќи ја битката со милитантите на групата Исламска држава, во Сирија и Ирак.

XS
SM
MD
LG