Њујорк Тајмс прв објави во понеделникот дека оставката доаѓа „под притисок“ цитирајќи високи претставници на администрацијата.
Хегел даде заклетва како шеф на одбраната во февруари 2013-та.
Армискиот ветеран служел во Виетнам пред да работи во јавниот и приватниот сектар. Избран беше за сенатор во 1996-та, претставувајќи ја државата Небраска до 2009-та.
Американскиот претседател Барак Обама се очекува за ова да зборува подоцна во денот.