Американскиот секретар за одбрана Чак Хегел вели дека заради исклучителни околности не можел да биде известен Конгресот на време за претстојното ослободување на заробениот армиски наредник Бо Бергдал.
Хегел на Комисијата за вооружени сили на Претставничкиот дом кажа дека одлуката за ослободување на петмина талибански притвореници од американскиот затвор Гвантанамо во Куба во замена за Бргдал била тешка. Тој кажа „времето не беше на наша страна“ и дека протекувањето на информација за размената ќе ја саботирало целата работа и ќе го довело во прашање животот на војникот.
Некои законодавци силно ја критикуваа администрацијата на Обама што не обезбедила известување на 30 дена пред да се ослободат затвореници од Гвантанамо. Хегел рече дека размената е изведена легално и дека Одделот за правда на администрацијата и` кажал дека претседателот има уставно право да го одобри договорот.