Линкови за пристапност

Новиот армиски шеф доаѓа по тешка битка околу номинацијата


Еден ден по потврдувањето од страна на американскиот Сенат, Чак Хегел даде заклетва на функцијата секретар за одбрана на САД.

Вторничкото гласање за номинацијата на поранешниот сенатор дојде две недели по одлагањето барано од неговите поранешни републикански колеги, кои покренаа прашања за неговите погледи за Блискиот исток и големината на американскиот нуклеарен арсенал.

Некои од нив го обвинија Хегел за премногу попустлив однос кон Иран и премногу критичен кон Израел. Други видоа проблем со неговото опонирање на напливот на американски трупи во 2007 во Ирак.

Но републиканците со време го оставија критикувањето, и дозволија номинацијата на Хегел да биде изнесена на гласање „за или против“.
XS
SM
MD
LG