Линкови за пристапност

Хегел соочен со тешки прашања за позицијата шеф на Пентагон


Номинираниот за следен секретар за одбрана на САД, Чак Хегел, се обиде да ја растера критиката од законодавците во врска со Иран, Израел и неговиот став по прашања од националната безбедност.

За време на распитот за потврдување, Хегел ги поттикна членовите на Комисијата за вооружени сили на Сенатот да не брзаат со заклучок, туку да ја земат предвид целата негова кариера.

„Се` што сум кажал е официјално, по многу прашања. Но едно поединечно гласање или издвоена изјава не може да ја дефинира целата моја кариера, и моето верување. Моето целокупно гледање на светот не е променето – дека Америка мора да остане со најсилна армија во светот, дека ние мора да ја предводиме меѓународната заедница, и да се спротиставиме на заканите и предизвиците заедно“, рече Хегел.

Хегел, декориран виетнамски ветеран и поранешен сенатор, се соочи со критика зашто преферирал помек пристап кон Иран и неговата нуклеарна програма, додека е помалку расположен спрема Израел.

За време на распитот, Хегел кажа дека е определен за спречување на Иран да дојде до нуклеарно оружје и дека сите опции треба да бидат на маса. Тој исто така кажа дека ќе обезбеди Израел да ја одржи својата воена подготвеност во регионот. Доколку биде потврден, Хегел би бил првиот виетнамски ветеран и поранешен војник да стане секретар за одбрана на САД.
XS
SM
MD
LG