Американскиот секретар за одбрана Чак Хегел вели дека САД ги зајакнуваат мерките за поддршка на своите европски сојузници за време на кризата на Полустровот Крим во Украина.
На денешен распит во Сенатот, Хегел рече дека Пентагон ги зајакнал заедничките вежби преку американското воздухопловно присуство во Полска, како и дека бројно го засилил учеството во воздушното патролирање на НАТО над Балтикот.
Според Хегел, настаните во Украина „ја подвлекуваат потребата за американскиот натамошен глобален ангжман и лидерство“. Тој најави дека владата ќе остане насочена на смирување на кризата, поддржувајќи ја украинската влада економски и реафирмирајќи ги ветувањата дадени на сојузниците во регионот во овој, како што рече, одлучувачки момент.
Вашингтон веќе најави пакет-помош од една милијарда долари за стабилизирање на украинската економија и помош за изборите закажани за подоцна годинава. Хегел рече дека пакетот е особено важен, напоредно со дипломатските напори за мирно решение на кризата.