Линкови за пристапност

Построга политика за „Купувај американскo - Вработувај Американци“


Покрај останатите правила за вработување, под лупа ќе бидат ставени и работите визи „Ха-1-Бе“

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп, вели дека е време за построга примена на правилата за вработување на одредени странски работници во САД, како и потребата од разгледување на законите, со кои американските владини агенции треба да користат производи од САД.

Трамп денеска треба да ја потпише извршната наредба во однос на правилата „Купувај американски производи - Вработувај Американци“.

На брифинг за новинарите, виши владини претставници изјавија дека слабото спроведување и бројните правни пропусти, значи дека американските работници и компании губат работни места и бизниси наспроти странската конкуренција, што и` штети на економијата на САД.

Владините агенции се пренасочени да ја разгледаат својата политика во областа на јавните набавки и да бараат да се направат исклучоци за правилата „Купувај американски производи“, од страна на директорите на агенциите.

Официјалните претставници воедно рекоа дека делови за јавните набавки на постојните трговски договори ќе бидат проверени, за да се процени дали американските компании имаат подеднакви шанси да ги продаваат производите на владите на трговските партнери, а коишто странските компании може да ги најдат во Вашингтон.

Планирана е и евалуација на правилата за издавање визи за странски државјани со одредени вештини, или програмата позната како „Ха-1-Бе виза“ (H1B). Со оваа програма се носеа работници со вештини кои се дефицитарни во САД. Меѓутоа, владини претставници се загрижени дека компаниите вработуваат странци кои ја вршат истата работа како и Американците но, по пониска цена.

Владините агенции имаат директиви да направат темелен преглед на овие правила и закони, и да ги пријават сите проблеми и препораки што можат да доведат до промена на регулативите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG