Поранешниот лекар на американскиот гимнастичарски тим, Лари Насар беше осуден на 175 години затвор откако се изјасни за виновен за сексуална злоупотреба на гимнастичарки, од кои некои на возраст од 10 години.
Казната ја изрече судијка од сојузната држава Мичиген. Во ноември, Насар се изјасни за виновен по 10 точки од обвинението за сексуални напади од прв степен.
Тој веќе отслужува 60 годишна казна за поседување детска порнографија.
За време на судското сослушување во Ленсинг, Мичиген, околу 160 жртви на Насер дадоа емотивни изјави.
Носителките на олимписки златни медали, Симоне Билес, Габи Даглас и Мекајла Марони беа меѓу спортистките кои рекоа дека биле нападнати од Насар.
Насар кој е на 54 годишна возраст беше лекар на американскиот тим на четири Олимписки игри. Тој исто така бил лекар на гимнастичарскиот тим при Државниот универзитет во Мичиген и вонреден професор на Колеџот за остеопатска медицина.
Facebook Forum