Линкови за пристапност

Повици за оставка на гувернерот на Вирџинија


Американскиот претседател Доналд Трамп се вклучи во контроверзата што го опкружува гувернерот на Вирџинија во врска со расистичката фотографија појавена во годишниот албум на Школата за медицина каде учел гувернерот.

Трамп преку Твитер порача дека иицијалното извинување на гувернерот Ралф Нортам и подоцна негирањето дека дека тој е на фотографијата - е непростливо.

Нортам, демократ, брзо се извини во петокот откако се појавија извештаите за фотографијата во училишниот албум од 1984 каде е покажан човек со црно, обоено лице како стои до друго лице облечено како член на Кју Клукс Клан.

„Јас не можам да ги променам одлуките што сум ги направил, ниту пак можам да ја поправам штетата од моето тогашно однесување“, рече тој во видео постирано на Твитер.

Но, следниот ден, среде многубројни повици за оставка, гувернерот Нортам одржа прес конференција на која кажа дека тој не е ниедно од лицата на фотографијата и дека фотографијата се појавила на неговата страница по грешка.

Тој тврдеше дека не купил копија од албумот и дека не знаел за фотографијата се` до петокот.

Во исто време тој рече дека сликата на неговата страница била „страшна“ и „едноставно неприфатлива“.

Нортам призна дека го имал обоено лицето црно кога имал 25 години како дел од костум за натпревар во танцување во кој тој одел како поп ѕвездата Мајкл Џексон. Тој изрази жалење за тој настан велејќи дека оттогаш научил зошто црното лице е навредливо.

И покрај признанието, Нортам кажа дека нема намера да даде оставка.

Но се` поголем број демократи, вклучувајќи ги и потенцијалните претседателски кандидати од партијата за изборите во 2020, бараат од него да ја напушти функцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG