Линкови за пристапност

Голема американска компанија се повлекува од продажбата на оружје


Потегот доаѓа по масовното пукање во Флорида

„Дикс спортинг гудс“ (Dick's Sporting Goods), една од најголемите компании за спортска опрема во САД, реши уште веднаш да престане со продажбата на автоматско оружје во нивните продавници, како и со продажба на секаков вид оружје на лица под 21 година.

Компанијата одлуката ја донесе денеска, на две недели по еден од најсмртоносните масовни убиства во САД, овојпат во средно училиште во Паркленд, Флорида.

Осомничениот, Николас Круз во ноември, минатата година легално купил пушка АР-15 од оваа компанија. Но, за нападот искористил ист тип на оружје, купен на друго место.

Оваа одлука, е една од најрешителните преземени од страна на американска корпорација по маскарот во Флорида, по кој повторно се разгоре националната дебата за контрола на оружјето.

По настанот, неколку американски корпорации го прекинаа партнерството со Националната асоцијација за оружје (NRA), вклучувајќи ги авионските компании „Делта ерлајнс“ и „Јунајтед континентал холдингс“, која е сопственик на Јунајтед ерлајнс.

Меѓу други компании кои ги прекинаа врските со асоцијацијата за оружје се „Авис“, „Бест вестерн“ „Ентерпрајс рент-а-кар, „Метлајф“ , „Херц корпорејшн“ и „Виндхам ворлдвајт корпорејшн“.

Националната асоцијација за оружје која тврди дека има 5 милиони членови ,е една од најмоќните лоби-групи која се залага за правата за поседување оружје во државата. За време на изборите во 2016-та година, организацијата дала 54 милиони долари во донации, a поголем дел од сумата бил даден за време на претседателската трка.

Не е невообичаено што некои од членовите на Конгресот добиле стотици илјади долари, па и милиони долари од оваа асоцијација. Иако и некои демократски законодавци добиле поддршка, најголем дел од средствата завршиле кај членовите на Републиканската партија.

Минатата недела, извршниот потпретседател Вејн Лапиер за време на Конзервативната конференција за политичка акција која се одржа во близина на Вашингтон, рече дека оние кои се залагаат за контрола на оружјето го користат немилиот настан во Флорида.

Застапниците за контрола на оружјето приговараат дека многу тинејџери во САД можат легално да купат автоматска пушка, пред да имаат право да гласаат или да купат алкохол. 28 од 50-те сојузни држави немаат минимална старосна граница за поседување оружје.

Друга голема трговска компанија, „Волмарт“ престана со продажбата на оружјето АР-15 и други полуавтоматски оружја во 2015-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG