Линкови за пристапност

Во САД имало 346 масовни пукања во 2017-та


Истражување на Харвард покажа дека цивилното население поседува 265 милиони парчиња оружје

Факти:

Број на парчиња на оружје кое го поседува цивилното население во САД: 265 милиони

Оваа бројка долго е контроверзна. Според едно истражување во САД има повеќе оружје отколку жители. Но, во студија спроведена од Харвард во 2017-та година се проценува дека кај цивилното население во 2015-та година во целата држава имало 265 милиони парчиња оружје. Во САД има 321 милион жители.

ФБИ годишно врши 17.2 милиони проверки на барања за поседување на оружје:

Федералниот закон предвидува лиценцираните продавачи на оружје да мораат да извршат проверка на секој потенцијален купувач. Системот за проверка на податоците на ФБИ преку кој се спроведуваат проверките е нашироко употребуван како барометар за продажбата на оружје во САД. Секоја година расте бројот на вакви проверки.

Федералниот закон и законите во повеќето сојузни држави не предвидуваат проверки ако продажбата на оружје се врши меѓу поединци или се случува на саеми за оружје. Овој законски пропуст им овозможува на многу Американци да можат да купат огнено оружје без проверка. Точната бројка на лица кои купуваат оружје на ваков начин останува непозната, но во истражување спроведено во 2017-та година се наведува дека 22 проценти од сопствениците го набавиле тоа оружје на ваков начин.

Број на масовни пукања во САД во 20170-та: 346

Податоци за масовните пукања варираат во зависност од изворот на информацијата. Од Архивот за насилство со огнено оружје, масовното пукање е дефинирано како застрелување на четири или повеќе лица во еден инцидент. Според нив во 2017-та биле регистрирани 346 вакви инциденти. ФБИ има друга методологија: масовно пукање е убиство на три или повеќе лица во еден инцидент. Од ФБИ велат дека во 2016-та и 2017-та година имало 20 вакви инциденти.

Во просек годишно во САД од огнено оружје гинат 35.141 лица

Според Центрите за контрола на болести кои го следат морталитетот како последица на огнено оружје, во цифрата се вклучени 12.246 убиства и 21.637 самоубиства. Од Архивот за насилство со огнено оружје проценуваат дека во 2017-та и 2018-та година во инциденти со масовни пукања загинале 698 лица, а биле повредени 2.881 други.

Број на закони за контрола на оружјето кои биле донесени по инцидентот во Паркленд: 55

Во петте месеци по инцидентот во Паркленд, 26 сојузни држави, меѓу кои и 15 со републикански гувернери усвоиле 55 закони за контрола на оружјето. Меѓу нив, девет сојузни држави усвоиле мерки за држење на оружјето подалеку од рацете на домашните насилници.

Шест сојузни држави креирале нови или ги прошириле потточките проверки за купувачите на оружје.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG