Линкови за пристапност

Активисти во портокалово низ САД во чест на жртвите при убиства со оружје


Според истражување на центарот „Пју“, една третина од возрасните Американци поседуваат оружје

Активисти во САД денес очекуваат да видат многу згради обоени во портоколаво, како дел од одбележување на Националниот ден за кревање на свеста за оружјето, и во знак на сеќавање на жртвите при убиства со оружје.

Целта на оваа кампања е да се охрабрат луѓето да се облечат во портокалова боја, а организациите и бизнисите да ги осветлат нивните згради во портокалово, боја која ловците ја носат да се заштитат себеси и други при пукање по грешка.

Организаторите велат дека повеќе од 150.000 Американци учествуваат во оваа акција, заедно со повеќе од 300 бизниси.

Поради пандемијата на коронавирус, настаните оваа година ќе се одвиваат виртуелно. Организаторите ги повикуваат учесниците да објават фотографии на социјалните медиуми кои отсликуваат нешто во порткалова боја.

Студија на истражувачкиот центар „Пју“ од мај годинава, покажува дека оружјето е длабоко вкоренето во американското општество и е дел од националната политичка дебата.

Според истражувањето, една третина од возрасните во САД поседуваат оружје, додека 44 отсто се изјасниле дека живеат во дом со оружје.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG