Метеоролозите предупредија за можна појава на ураган на делови на крајбрежјето на сојузната држава Луизијана, како што тропската бура Бери се засилува во Мексиканскиот Залив.
Претседателот на САД Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во Луизијана, и ги овласти Одделот за домашна безбедност и Агенцијата за справување со кризи, да ги координираат федералните фондови и ресурси за помош при справување со бурата и последиците од неа.
Националниот центар за урагани очекува бурата да го погоди крајбрежјето доцна денеска или рано утрината. Таа се очекува да биде бура од прва категорија, и ќе биде прва во оваа сезона на урагани.
Утринава бурата беше на 155 километри југозападно од реката Мисисипи, со ветрови од 85 километри на час.
Њу Орлеанс, кој се соочува со поплави по обилните дождови во средата, исто така, е под закана на тропската бура.
Метеоролозите предвидуваат дека градот може да се соочи со дожд од 38 сантиметри, како последица на бурата.
Наредени се итни евакуации на околу 10.000 лица.
Facebook Forum