Линкови за пристапност

Обид за провала во домот на Фетула Ѓулен во Пенсилванија


Вооружен напаѓач наводно се обидел да провали во комплексот каде живее протераниот турски свештеник Фетула Ѓулен во Пенсилванија, но бил спречен од страна на чувар.

Полицијата во Пенсилванија ја пребара областа но не го пронајде наводниот провалник. Истрагата продолжува, соопштија од полицијата.

Од групата на Ѓулен веруваат дека зад ваквиот обид стои турската влада.

Турција го обвини Ѓулен за оркестрирање на неуспешниот државен удар во 2016 година и побара од САД негова екстрадиција во Турција за да му се суди за тероризам. САД го одбија ваквото барање.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG