Линкови за пристапност

Вулкан во Гватемала уби најмалку 25 лица


Од Агенцијата за управување со катастрофи во Гватемала соопштија дека најмалку 25 лица загинале во ерупцијата на вулкан во близина на Гватемала сити.

Ерупцијата на вулканот Фуего се случила во неделата претпладне.

Властите велат дека за исчезнати се водат непознат број лица, додека повеќе од 3.000 биле евакуирани. Четири лица загинале во селото Ел Родео кога лавата запалила куќа, а две деца изгореле додека ја гледале ерупцијата.

Фуего се наоѓа на околу 44 километри југозападно од главниот град Гватемала сити, и е во близина на градот Антигва кој е популарна туристичка дестинација.

Меѓународниот аеродром Ла Аврора беше затворен поради заканата за авионите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG