Линкови за пристапност

Претстои прво судење од висок профил пред воена комисија во Гвантанамо


Претстои прво судење од висок профил пред воена комисија во Гвантанамо
Претстои прво судење од висок профил пред воена комисија во Гвантанамо

Саудиецот обвинет за осмислување на бомбашкиот напад УСС Кол во 2000-та треба да биде изведен пред воена комисија во Заливот Гвантанамо во среда. Доколку биде осуден, Абд ал-Рахим ал-Нашири може да добие смртна казна.

Самоубиствениот напад на американски брод во јеменското пристаниште Аден остави голема дупка на бродот, и уби 17 морнари и рани десетици други.

Директорот на ФБИ Роберт Мулер рече:

„Изведувањето пред правдата на сторителите на нападот од 12 октомври 2000, е витален дел на нашата контра-терористичка мисија и ние ќе ги посветиме сите потребни ресурси за завршување на работата.

Абд ал-Нашири беше уапсен во 2002, држен во тајни затвори на ЦИА во странство и префрлен во Гвантанамо во 2006.

Тој е еден од 15 високовреднувани притвореници кои се држат во Гвантанамо и е прв кој ќе биде изведен пред воен трибунал откако американскиот претседател Барак Обама донесе одлука да се одмрзне забраната на такви судења порано годинава.

Полковникот Дони Томас е одговорен за обезбедувањето во притворниот центар Гвантанамо.

„Можам да кажам дека сме подготвени. Сме одржале комисии и порано и ова ќе биде уште една таква со малку повеќе внимание на неа“.

Нашири е обвинет за убиство, тероризам и заговор и може да добие смрттна казна.

Адвокатите на Нашири тврдат дека тој не треба да биде суден зашто бил подложен на техника на симулирано давење и лажни егзекуции.

Адвокатот Јуџин Фидел предава воено право на Универзитетот Јејл и е долгорочен критичар на процесот во Гвантанамо:

„Лошо е да се изведуваат тие судење во Гвантанамо. Тие луѓе треба да бидат судени во редовни федерални судови“.

Но, Конгресот ги блокираше обидите притворениците од Гвантанамо да бидат изнесени од таму и судени во САД, а пропаднаа и напорите да биде затворен објект.

По обвинението што ќе го изрече воен судија, Нашири се очекува да добие датум за судење.

Стручњакот за воено право Кали Стимсон на Фондацијата Херитиџ вели дека процесот може да трае долго време:

„Мислам дури година или две за одбраната да се подготви за судењето и нема да бидам изненаден ако воен судија им даде време колку што ќе побараат“.

XS
SM
MD
LG