Линкови за пристапност

Грузиски активисти бараат Русија да одговара за злосторства од 1990-те


Грузиски активисти бараат Русија да одговара за злосторства од 1990-те
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:47 0:00

Активистите во Грузија зборуваат за злосторствата извршени при инвазијата на руските трупи и парамилиции во текот на раните 1990-ти. Велат дека требало да дејствуваат како предупредување за опасностите што ги носи Русија. Известува Хенри Риџвел од Тбилиси. .

Додека Советскиот Сојуз се распаѓаше во раните 1990-ти, Грузија прогласи независност. Имаше тензии со етничките малцински групи во регионите на Абхазија и Јужна Осетија кои се граничат со Русија. Многу Грузијци велат дека Москва ги искористила тие тензии за да поттикне конфликт.

Тамар Черголеишвили, основачката на кампањата „Пред Буча беше Абхазија“, ја обвинува Русија за војната.

„Во Грузија избувнаа војни кои беа означени како етнички конфликти и граѓанска војна. Но, всушност, Русија беше таа што ги организираше сите превирања, војни и крвопролевање со цел да ја распарчи Грузија и да не дозволи новата независна држава да стане навистина независна, вистински суверена и да стане членка на западниот демократски свет“, вели Черголеишвили.

Русија ја оспорува таа историја - и инсистира дека испраќа војници во тие региони како мировници.

Во конфликтот меѓу сепаратистите и Грузијците од 1989-та до 1994 година, се проценува дека загинаа 10.000 до 30.000 луѓе - точните бројки не се познати - а над 200.000 беа принудени да ги напуштат своите домови.

Преживеаните од конфликтот велат дека повеќекратни злосторства биле извршени од локални вооружени сепаратисти, други милициски групи и нивните руски сојузници.

Талико Зарандија се сеќава на убиството на синот на нејзиниот сосед.

„Милитантите пристигнаа и не нападнаа како волци. Му пријдоа на момчето и го прашале колку години има. Тој одговори дека има петнаесет години. „Тогаш заслужуваш 15 куршуми“, одговориле тие. Потоа му пукаа петнаесет пати во глава“, вели Зарандија.

Русија негира дека извршила злосторства. Но, ОБСЕ го опишува она што се случи во Абхазија како етничко чистење. Застрашувачките сведоштва на преживеаните потсетуваат на извештаите за судбината на Украинците по целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година.

Во украинските градови Буча и Ирпин, преживеаните опишуваат слични убиства, силувања и мачења - исто така негирани од Русија, и покрај распространетите докази и масовните гробници.

Черголеишвили вели дека украинските новинари ја контактирале за информации за тоа што се случило во Грузија.

„Сите знаевме дека нешто ужасно се случи во Абхазија, но беше толку матно. Никој повеќе не сакаше да зборува за тоа. Но, Украинците ме натераа да поминам низ материјалот пред да им го дадам, и се чувствував толку срамно“, вели Черголеишвили.

Оваа кампања, која е на турнеја низ САД и Европа, вклучува документарни проекции и презентации со детали за ужасите што се случија во Грузија.

„Да го потсетиме светот - и нас самите - за заборавените жртви од Грузија, кои ја претрпеа истата агресија што Русија ја користи сега против Украина. Да го предупреди Западот дека ако не ја спречат Русија воУкраина сега, ќе мора да потрошат 100 пати повеќе за уште 30 години“, укажува Черголеишвили.

Русија повторно ја нападна Грузија во 2008 година. Таа сè уште окупира 20 отсто од грузиската територија - вклучувајќи ги Абхазија и Јужна Осетија.

Многу Грузијци велат дека нивната судбина требало да даде доволно предупредување за опасностите што ги носи Русија – долго време пред нејзината инвазија на Украина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG